strumica denes logo

СВР СТРУМИЦА ПОТСЕТУВА: ЗИМСКА ОПРЕМА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДО 15 МАРТ!

Автор:

Датум:

ноември 20, 2025

Автор:

Датум:

ноември 20, 2025

Секторот за внатрешни работи Струмица ги информира возачите дека од 15 ноември 2025 година започна периодот на задолжително носење зимска опрема во возилата, кој ќе трае до 15 март следната година.

Според законските прописи, под зимска опрема се подразбира:

За возила до 3.500 кг: зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 4 мм или летни гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 4 мм и синџири за снег за погонските тркала.

За возила над 3.500 кг: зимски гуми на погонските тркала со минимална длабочина на шарите од 6 мм или летни гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 4 мм и синџири за снег за погонските тркала.

Од СВР Струмица потсетуваат дека при секое констатирано непочитување на оваа законска обврска, на возачите ќе им бидат издавани прекршочни платни налози согласно член 361 став 4 од Законот за безбедност на патниот сообраќај, со кој за вакви прекршоци е предвидена глоба во висина од 45 евра.

Воедно, СВР Струмица упатува апел до сите возачи да ги почитуваат законските прописи и поставената сообраќајна сигнализација, особено во зимски услови, при замрзнати и влажни коловози, да ја намалат брзината на движење и да го прилагодат возењето на условите на патот, да држат безбедно растојание и да избегнуваат нагло запирање или забрзување на возилото. Целта, како што нагласуваат, е зголемување на нивната лична безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

  • Banner