Состојки
- 1 свинско филе
- пршута ленти по потреба (5-6 отприлика)
- 300 мл доматен сос
- 150 мл бело вино
- зачини сол, бибер, оригано -по вкус
Подготовка:
- Филето исечете го на парчиња отприлика 2,5 цм. Лентите пршута прилагодете ги на дебелината на месото.
- Секое парче месо завиткајте го со пршута. На крајот ставете чепкалка, за да не ви се отвора во пржењето.
- На масло испржете го месото по 5-6 минути од страна. Ставете го доматниот сос, виното, зачинете по вкус, намалете ја температурата, покријте ја тавата и оставете да се покрчка уште 5-6 минути. Нека ви е на здравје!