СВЕТСКИТЕ МЕДИУМИ ПРЕНЕСУВААТ ДЕКА ИМА НАДЕЖ: РУСИЈА И УКРАИНА СЕ ДОГОВОРИЈА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРЕГОВАРАЧКИОТ ПРОЦЕС ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ!

февруари 28, 2022

Преговорите меѓу Русија и Украина траеја околу пет часа, при што беа детално разгледани сите точки од дневниот ред, изјави претставникот на Русија во преговорите Владимир Медински.

Како што се наведува, на преговорите биле најдени точки според кои може да се предвидат заеднички позиции.

„Русија и Украина се договорија за продолжување на преговарачкиот процес, следната средба ќе се одржи во наредните денови“, рече Медински.

Друг претставник на Русија во руската делегација, Леонид Слуцки, по разговорите изјави дека постои надеж дека разговорите ќе имаат позитивен епилог.

„Да не беше така, работата (преговорите) немаше да продолжат“, рече тој, додавајќи дека сега се потребни консултации во Москва и Киев.

„Важно е страните да се слушнат. Тоа е главниот резултат од преговорите“, им рече Слуцки на новинарите.

„Украинската делегација беше подготвена да сослуша и да учествува во најдеталната дискусија за прашањата на дневниот ред“, додаде политичарот.

Од своја страна, советникот на шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Михаило Подољак изјави дека партиите одредиле приоритетни теми за кои презентирале конкретни решенија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ