Тоше во манастирот ги полнеше батериите, многу пати по 3 саати седеше пред олтарот и ако некогаш дојдеше некој од другарите и му го одземаше вниманието, му велеше или ќути и седи тука или излези“, раскажува Анастас Проески, чичко на Тоше.
„И секогаш кога се враќаше од некаде, дали од странство или од концерти, прво доаѓаше тука, па после си одеше дома. Се чувствуваше опуштено, легнуваше тука на земја и уживаше“, додаде неговиот прв братучед Тодор Проески, братучед на Тоше.























