СУЗАНА ГАВАЗОВА СО ФЕЈСБУК СТАТУС: Ви смета што пеам секакви песни, а не ви смета што браќата срби ечат во Македонија – Срамота е тоа што се обидувате да навредувате!

септември 11, 2023

Сузана Гавазова на фејсбук:

Добар ден на сите. Ред е и јас да кажам за тоа што некој се обидува да ме „уништи“ со тоа што ме нарекува предавник, парољубец, пеам Бугарски песни, пеам Горански, Српски, Ромски, Грчки…

Само да знаете Македонија е срцето на Балканот и од овде се’ треба да знае еден пејач. Не’може да ме уништите кои и да сте, не се плашам од вас, мене народот ме сака затоа што сум направила добрини, правам и ќе правам.

Срамота е што се обидувате на жени, мајки и пејачки кои го дале целиот живот за Македонската песна така да пишувате и така да навредувате. Зошто не се обидете на маж така? Немате храброст па затоа удирате на жена.

Ниту сум ја предала Македонија, ниту сум ја украла…тој што ја предал нека му ја мисли а и тој што ја украл рацете да му се исушат.

Ви смета што пеам секакви песни, а не ви смета што браќата Срби ечат во Македонија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ