strumica denes logo

СТРУМИЦА ВО ЦЕНТАРОТ НА МОТО СЦЕНАТА: НАЈГОЛЕМИОТ СОБИР ДОСЕГА НА 18 И 19 ЈУЛИ ВО ОРГАНЗАЦИЈА НА HELLS ANGELS – NOVI SAD!

Автор:

Датум:

јули 16, 2025

Автор:

Датум:

јули 16, 2025

Струмица ќе биде домаќин на еден од најголемите мото собири што досега се одржале во градот. На 18 и 19 јули, љубителите на моторите ќе имаат можност да бидат дел од спектакл во организација на познатото мото братство HELLS ANGELS – NOVI SAD.

Собирот ќе започне секој ден од 17:00 часот, а се очекува присуство на моторџии од целата држава, како и гости од странство. Настанот претставува вистински празник за моторџиската култура и ќе понуди незаборавно доживување со дефилеа, изложба на мотори, музичка програма и дружење.

Организаторите најавуваат богата програма, позитивна енергија и беспрекорна организација, со акцент на безбедноста и почитувањето на сообраќајните правила. За сите присутни, ќе има поставен камп простор, храна, пијалоци и музички забави до доцните часови.

Струмица, уште еднаш, ќе потврди дека е град кој знае да биде домаќин на големи настани и да ги спои луѓето преку страста кон моторите, слободата и авантуристичкиот дух.