Струмица синоќа беше на самиот врв на светските листи за загаденост на воздухот, влегувајќи меѓу петте најзагадени градови на планетата. Оваа информација ја потврдија мерењата на платформите за квалитет на воздухот, каде индексот на загаденост во градот достигна алармантни вредности.
Според податоците, концентрацијата на ПМ10 и ПМ2,5 честички ја надмина дозволената граница за повеќе од пет пати, со што воздухот беше категоризиран како „опасен“. Граѓаните алармираа за густ смог и отежнато дишење, особено во вечерните часови.