strumica denes logo

Струмица организира хуманитарен настан „ДОНИРАЈ ЗА КОЧАНИ“ во знак на солидарност со настраданите во пожарот!

Автор:

Датум:

мај 17, 2025

Автор:

Датум:

мај 17, 2025

Во знак на солидарност и човечност, на 24 мај 2025 година во Струмица ќе се одржи голем хуманитарен настан под наслов „ДОНИРАЈ ЗА КОЧАНИ“, со почеток од 21:00 часот во Рекорд Паб. Настанот има за цел прибирање средства за поддршка на семејствата и лицата погодени од трагичниот пожар што се случи на 16 март во Кочани, при што животите ги загубија повеќе од 60 млади лица, а над 200 беа повредени.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Организатор на настанот е Марија Пантева, која преку оваа иницијатива апелира до сите граѓани, компании и институции да се вклучат со финансиска поддршка. Таа истакнува дека хуманитарната вечер ќе биде исполнета со музика, заедништво и активности насочени кон помош на оние на кои најмногу им е потребна.

На настанот ќе настапи познатата музичка група 90 STRINGS, која со својот перформанс ќе придонесе кон атмосферата на поддршка и заедништво.

Собраните средства ќе бидат наменети за обезбедување психосоцијална и материјална помош на семејствата кои ги загубија своите најблиски, како и на повредените лица, со цел полесно физичко и психичко закрепнување.

Сите кои сакаат да донираат, тоа можат да го направат преку уплата на трансакциската сметка на Здружението на граѓани Демократски институт за општествени и политички анализи:
Жиро сметка: 2100706461000175
Банка: НЛБ Банка

Организаторите најавуваат дека сите донатори ќе бидат соодветно споменати и промовирани преку комуникациските канали како израз на благодарност за нивната хуманост и солидарност.

Одлуките за донации може да се достават најдоцна до 20 мај 2025 година, а за сите дополнителни информации заинтересираните може да се обратат на телефонскиот број 078/876-744 или на е-маил адресата marijapanteva6@gmail.com.

Настанот е можност граѓаните од целата држава да покажат дека во најтешките моменти, токму хуманоста и заедништвото се највредните човечки квалитети.