strumica denes logo

Струмичко не го одмина црниот биланс: Неефикасни мерки за сообраќајна безбедност од 2020 до 2023!

Автор:

Датум:

мај 16, 2025

Автор:

Датум:

мај 16, 2025

Во периодот од 2020 до 2023 година, институциите предводени од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски – двајцата од СДСМ – не презеле ефикасни мерки за намалување на жртвите во сообраќајот. Ова го потврдува ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија на тема „Безбедноста во сообраќајот на патиштата“.

Според податоците, во наведениот период во Македонија се случиле 31.176 сообраќајни незгоди, од кои 457 завршиле со смрт. Дел од нив се случиле и на територијата на Струмица, која заедно со Велес бележи 6% од вкупниот број незгоди во државата.

Иако постоеле стратегии и инвестиции, вклучително и заем од Светска банка и набавка на опрема за сообраќајна безбедност, институциите не ја користеле целосно расположивата технологија, како системот „Безбеден град“, ниту пак бил воспоставен регистар на возила.

Во Струмичко, како и во останатиот дел од државата, најчести причини за незгодите остануваат преголемата брзина, алкохолизираност и возење без дозвола, а условите на патиштата не се главниот фактор.

ДЗР препорачува итно зајакнување на човечките, техничките и институционалните капацитети, посебно на локално и регионално ниво, со цел да се спречат нови трагедии на патиштата, вклучително и во Струмичкиот регион.