Испратено од група средношколци од Струмица:
Струмичките средношколци од денес почнуваат со бојкот.
Наредните работни денови нема да бидат присутни на онлајн предавањата.
Главната причина е воведувањето на е-учебници од септември.
Како што велат, тие сакат новата учебна година да ја започнат во училишните клупи и бараат надлежните да преземаат некои мерки.
Тие се поддржани од страна на нивните родители и професори, а бојкот веќе има и во други градови во државата.
Средношколците се надеваат дека ќе бидат поддржани и од другите средни училишта во земјава, со цел сè да се врати во нормала.