strumica denes logo

СТРУМИЧКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ СПРЕЧИЈА РАЗГОРУВАЊЕ НА ШУМСКИОТ ПОЖАР НАД МОКРИНО!

Автор:

Датум:

јули 10, 2025

Автор:

Датум:

јули 10, 2025

Во последен момент е спречено разгорувањето на шумскиот пожар што избувна во падините на планината Беласица, над селото Мокрино. Благодарение на навремената интервенција на екипите од Територијалната противпожарна единица Струмица, во соработка со вработените од Јавното претпријатие „Национални шуми“ и со активното учество на месното население, пожарот е успешно локализиран и изгаснат.

Пожарот зафатил шумска површина составена претежно од нискостеблеста вегетација и претставувал сериозна закана за проширување кон поголема површина. Благодарение на координираното делување и навремената реакција, избегната е поголема штета врз природата и безбедноста на локалното население.

Надлежните апелираат до граѓаните на зголемена внимателност и одговорно однесување во природа, особено во летниот период кога опасноста од пожари е зголемена.