СТРУМИЧКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ СО АПЕЛ ПО НАЈАВАТА НА УХМР ЗА НЕСТАБИЛНОТО ВРЕМЕ ОВОЈ ПЕРИОД!

ноември 3, 2023

Според Управата за хидрометоролшки работи, денес попладне и тоа поради влијанието на моќниот Џеновски циклон, од запад ќе започнат обилни врнежи од дожд , како и во текот на ноќта кон сабота, но и во сабота ќе се прошират насекаде низ Македонија и локално ќе бидат проследени со грмежи.

На многу места ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 л/м2 воден талог, локално и над 50 литри дожд).

Не се исклучува можноста за локално поголемо невреме со олуен ветер, силни електрични празнења, обилни врнежи од дожд па дури и со појава на град.

Во следниот период ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (локално со брзина од 60 до 80 км/час).

ТППЕ Струмица апелира до граѓаните доколку имаат потреба и чувствуваат било каква загрозеност, веднаш да се јаваат на телефонскиот број 193 или 112 (Центар за управување со кризи).

ТППЕ Струмица е подготвена да одговори со сите расположиви човечки и материјални капацитети.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ