Струмичките наставници да го следат примерот на кумановските колеги и да се спротивстават на новата концепција на сеопфатно сексуално образование!

септември 4, 2023

Објава на РОДИТЕЛСКИ ФРОНТ:

Струмичките наставници да го следат примерот на кумановските колеги и да се спротивстават на новата концепција на сеопфатно сексуално образование.

Кумановските наставнички совети во рамки на своите колективи, а по претходно искуство со применета нова концепција во одделенска настава, едногласно се изјаснија против новата концепција за основно образование.

Здружението на родители РОДИТЕЛСКИ ФРОНТ упатува апел до просветните работници во основните и средни училишта во Општина Струмица и околните општини да го сторат истото и да застанат против овие образовни закани.

Да кажат јасно НЕ на сеопфатното сексуално образование кое согласно новата концепција треба да е дел од наставните програми и планови од најрана возраст во основното образование, а со препорака за продлабочување на знаење од истиот предмет за учениците од четврто одделение како можност за изборен предмет.

Да кажат јасно НЕ на тоа училиштето да биде место за промоција на сексот и видовите љубов и сѐ што како задача му припаѓа на семејството во доменот на воспитување на своите деца.

Единствено ние родителите имаме право и должност да се грижиме за воспитувањето и образованието на нашите деца, а кое ни е загарантирано во чл.40 од Уставот на РМ и во чл.46 од Законот за семејството.

Здружението на родители РОДИТЕЛСКИ ФРОНТ истовремено упатува апел до дел од советниците на Општина Струмица да се изјаснат против родовата идеологија, отфрлајќи го од себе плаштот на стравот од притисоците упатени кон нив, кој ги стави во улога на сојузници на родовите идеолози и нивните поддржувачи!

Здружението на родители РОДИТЕЛСКИ ФРОНТ секојдневно ќе стои во првата линија на отпорот на родовата пропаганда која перфидно ја наметнуваат во животите на нашите деца. Тоа ние нема да го дозволиме!

#ЗаНашитеДеца
Повеќе инфо👇

https://umno.mk/isfrlanjeto-na-fundamentalnite-nauki…/…

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ