Струмичките Ајдуци кон Пандев: Вака ли ни враќаш?

октомври 30, 2018

Викендов се одигра големото струмичко дерби помеѓу Академија Пнадев и Беласица (3-0) во Турново, но „војната“ помеѓу ривалите продолжи и по натпреварот.

Беласица сакаше да се игра на „Младост“ под рефлектори за да може цела Струмица да ужива во дербито, но тоа го одби Академија Пандев.

Сега со соопштение се јави и навивачката група Ајдуци поради забраната од страна на Академија Пандев за дуелот на стадионот „Кукуш“.

„Се уште сме изненадени од оваа одлука која не само што не е спортска туку нема никаков оправден мотив да се случи.
Многу навивачи гостуваа против Академија Пандев во Турново без никаков проблем, додека за нас како локална група се решија се со цел да наштетат на Беласица да не ни дозволат влез на трибина.

Дали господата од Академијата заборавија со кој ја водеа борбата за силна Беласица во 2011 година, дали заборавивте кој му испраќаше писма со поддршка на неговото гостување на ТВ Канал ВИС, дали Пандев заборави како беше пречекан кога освои титула во ЛШ, успех кој е негов личен, дали Пандев заборави дека е единствен играч во Македонија за кој е извадена парола со предзнакот гордост, нешто за кое нема ниту за еден друг играч во Македонија. Оваа одлука е насочена исклучиво против групата, истата група која беше и единствена поддршка на Горан Пандев во неговата одлука за напуштање на репрезентација кога беше ставен на столбот на срамот од сите медиуми и само ние му дадовме јавно и пред ТВ Камери поддршка со парола на стадионот, и во директно ТВ соочување во живо спротиставувајќи се на неговите противници денес сојузници во битката против Беласица, група која го оранизира протестот „СТРУМИЦА САКА СИЛНА БЕЛАСИЦА“, во неговиот обид да ја превзема Беласица во тој временски период.

Како што сме напишале многу пати, управите се менуваат, играчите заминуваат, само најверните остануваат, а оваа одлука беше насочена исклучиво против Беласица како клуб и нејзините навивачи, во обидот на новоформиран клуб да гради „ривалство” со гордоста на градот. Управата на Беласица утре може да биде предводена од други луге, но зборовите упатени кон Беласица од страна на Академија Пандев никогаш нема да можат да се повлечат, срамот останува засекогаш!

Исмевањето на името Беласица многу пати беше дел од вокабуларот на Академија Пандев, но ова веќе ги надмина сите граници на нормално однесување, со што господата покажуваат комплекс и невидена омраза кон клубот кој од нив направи луѓе.

Дали Ајдуци се поопасни за љубителите на фудбалот во Струмица од десетици групи кои гостувале на овој стадион, дали Ајдуци би правеле инцидент против своите сограѓани и другари???
Сигурно господата виделе во Италија дека ултрасите се срцето на фудбалот и наместо тие да ја развиваат оваа субкултура во нашиот град, тие сакаат да ја уништат. Се одиграа 3 меѓусебни натпревари, но од страна на Ајдуци ниту еднаш не беше испратена лоша порака кон Академија Пандев.

За крај да ве потсетиме, лебот кој денес го јадете и реномето кое го поседувате како спортски работници го должите исклучиво на Беласица, бидејќи ако не беше таа вие ќе бевте никој и ништо, една обична нула.

Со почит
Ајдуци Струмица“

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ