Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Најавувам нов капитален проект за развој и поддршка на струмичкото земјоделство.
Нашите вредни струмички земјоделци и нивното квалитетно производство ја заслужуваат најголемата поддршка и од нас како локална власт и од државата.
Струмичкиот, како најголем регион за производство на храна, ќе добие современ откупен центар со капацитети за складирање на производството.
Денеска бев почестен од Владата на Република Северна Македонија, како Градоначалник и со членови на Советот, да присуствувам на потпишувањето на договор за избор на консултантска фирма за изградба на откупните центри во Струмица и Ресен.
Оваа инвестиција значи подобрување на квалитетот на земјоделските производи и воведување стандарди во земјоделското производство, со што ќе се зголеми вредноста и конкурентноста на земјоделските производи на меѓународните пазари, пред се во ЕУ.
Нека ни е со среќа и да ни се множат и капиталните инвестиции и бенефитите од нив, за подобар живот на сите граѓани.