Струмица и годинава ќе живее во духот на карневалската традиција, бидејќи Струмички карневал официјално започнува на 18 февруари и ќе трае до 25 февруари. Во текот на овие денови, граѓаните и посетителите ќе имаат можност да уживаат во низа културни, забавни и традиционални карневалски настани.
Централниот настан, главната карневалска вечер, ќе се одржи на 21 февруари, кога низ улиците на Струмица ќе продефилираат маски, бои, музика и карневалски дух, претворајќи го градот во вистинска сцена на радост и забава.
Струмичкиот карневал, како еден од најпрепознатливите симболи на градот и оваа година најавува богата програма и незаборавна атмосфера, која традиционално привлекува илјадници посетители од земјата и странство.


























