Струмица официјално го доби новиот Организациски одбор на Струмичкиот карневал. Во следните четири години, 17 ентузијасти ќе ја имаат честа и одговорноста да креираат и да ја развиваат културната магија на најголемото локално културно богатство – Струмичкиот карневал.
Членови на новиот одбор се: Ани Андреева, Марија Багашовска Иванова, Костадинка Витанова, Јулијана Теменугова, Љупка Галазка-Василев, Стефан Андонов, Катерина Палифрова, Елена Трајкова, Елисавета Колевска, Такица Стојанова, Столе Цветков, Лилјана Орцева, Александар Филев, Ана Цунева, Јане Киров, Марина Јанакиева Хаџи-Котарова и Петар Божинов.
Од претходниот состав, за почесни членови се назначени Ванчо Ристов Патриков, Ѓорѓи Пелтековски, Александар Цицимов, Панчо Беџовски и други.
Со својата креативност, енергија и љубов кон традицијата, се очекува новиот одбор да ја создаде најдобрата и највпечатлива верзија на Струмичкиот карневал досега. Честитајќи им, граѓаните и организаторите им посакуваат храброст, визија и посветеност во наредните години.