strumica denes logo

СТРУМИЧКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ИМАЛ ДОКАЗ ДЕКА ВОДАТА Е БЕЗБЕДНА ЗА ПИЕЊЕ, ОЧЕКУВА АХВ ДА ДОНЕСЕ ПОЗИТИВНА ОДЛУКА!

Автор:

Датум:

октомври 19, 2024

Автор:

Датум:

октомври 19, 2024

Имаме доказ дека водата во Струмица е исправна и истата е чиста и безбедна за пиење. Останува дополнително да се почека анализата од Институтот за јавно здравје и во однос на хемиско-физичкиот состав и во однос на микробилогијата за да може инпекторот од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) да донесе решение за конечно да може водата да се употребува за пиење. Ова вечерва на вонредна прес-конференција од фабриката за вода го истакна струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Неговите очекувања се дека во наредните денови ќе се реши проблемот со водата за пиење во Струмица и во шест населени места. Оптимизмот за ова го темели на добиените резултати по две направени анализи во акредитирана лабораторија.

„По двете направени анализи од акредитирана лабараторија за хемиско-физичкиот состав на излезната вода од Фабриката за вода и една анализа од акредитирана лабораторија во однос на присуството на бактериите, имаме доказ дека водата во Струмица е исправна и истата е чиста и безбедна за пиење. Останува дополнително да се почека анализата од Институтот за јавно здравје и во однос на хемиско-физичкиот состав и во однос на микробилогијата за да може инпекторот од АХВ да донесе решение за конечно да може водата да се употребува за пиење“, рече Костадинов.

Според него, изминатите три недели поминале низ вистинска голгота – институционална, политичка и експертска.