Струмичкиот лекар Петар Марков беше дел од оперативниот тим на првата операција направена во Република Македонија за третман на ретка болест, Mayer – Rokitansky – Kuster – Hauser-ов синдром.
Операцијата беше извршена лапароскопски во приватната болница РеМедика во Скопје од меѓународно составен тим на хирурзи од Србија и Македонија. Проф. д-р Владимир Којовиќ и д-р Марко Марјановиќ беа хирурзите од Србија чиј фокус во работата е реконструктивната урологија, додека од Република Македонија хируршкиот тим го сочинуваа доц. д-р Александар Митевски, д-р Александар Мицковски и д-р Петар Марков.
Ова ни претставува уште еден доказ дека струмичкиот регион отсекогаш бил расадник на успешни професионалци и ваквите позитивни примери се оние кои треба да бидат наша идентификација.