Home

Perdormire
Струмица

СТРУМИЧКАТА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА ОРГАНИЗИРА БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ЗА ВЕРНИОТ НАРОД КОЈ САКА ДА ПРИСУСТВУВА НА 24 МАЈ ВО СКОПЈЕ НА ЗАЕДНИЧКАТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА СО СПЦ!

Home

Со радост соопштуваме дека на 24 мај, со почеток од 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Неговата Светост Српскиот Патријарх г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со архиереи од двете сестрински Цркви, ќе служат Божествена Литургија.

По тој повод Струмичката Православна Епархија организира бесплатен превоз за верниот народ од нашата епархија кој сака да присуствува на овој радосен историски чин.

Тргнувањето ќе биде на 24 мај во 6:30 ч. наутро од предворјето на храмот „Св. Димитриј и Григориј Палама“ во Струмица.

Контакт телефон:

о. Константин – 070/435-580
о. Симеон – 078/937-723