РЕАКЦИЈА НА СВР-СТРУМИЦА:
Во врска со јавната објава на социјалната мрежа Facebook од страна на политичка партија од Струмица, во кои се изнесуваат невистинити и неосновани обвинувања за работата на Секторот за внатрешни работи Струмица, категорично ги демантираме сите тврдења наведени во истите.
СВР Струмица работи транспарентно, законито и во интерес на сите граѓани, без разлика на политичка или било каква друга припадност, а резултатите од досегашната работата деновиве и јавно ќе бидат презентирани од страна на раководството на СВР Струмица.
Сметаме дека секој обид за политичка дискредитација и нарушување на угледот на институцијата претставува неодговорен и штетен чин, кој има за цел да ја изманипулира јавноста.
Ги повикуваме сите страни, вклучително и политичките партии, да се воздржат од ширење дезинформации и ги охрабруваме да користат институционални механизми доколку имаат забелешки или сомнежи, а не социјални мрежи за политички поени.
СВР Струмица ќе продолжи да ги исполнува своите законски обврски во интерес на јавноста, а и ќе ги заштити своето работење и интегритетот со сите расположливи правни средства.