СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ВО АКЦИЈА: ЌЕ СЕ ПРЕЗИМААТ МЕРКИ ЗА ГЛАСНАТА МУЗИКА И ЗА ТОЧЕЊЕТО АЛКОХОЛ НА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО ЛОКАЛИТЕ!

јануари 17, 2020

Секторот за внатрешни работи-Струмица, во рамките на своите надлежности во претстојниот период ќе превзема интензивни мерки и активности во угостителските објекти на подрачјето, имајќи ја во предвид зголемената бучава (гласната музика), раздвиженоста во угостителските објекти, пред се во кафулињата, дискотеките и ноќните барови во кои се позабележително е присуството на младите, посебно во вечерните часови. Активностите на полицијата се насочени на: присуство на малолетници во угостителски објекти после 24,00 часот, точењето алкохолни пијалоци на малолетни лица и прегласната музика која неретко ги вознемирува граѓаните а пред се оние што живеат во близина на угостителските објекти.

Додека во поглед на почитување на работното време во координација со државниот пазарен испекторат ќе се превземаат координирани мерки и активности. За сите сопственици на угостителските објекти кај кои ќе бидат констатирани прекршоци и истите продолжуват да ги прават, СВР-Струмица согласно своите надлежности, во рамките на Законот за прекршоци, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и други законски прописи, ќе изготви соодветни поднесоци, а за правните лица ќе предложи изрекување на соодветни прекршочни санкции.

Апелираме до сопствениците на угостителските објекти и граѓаните да ги почитуваат законските правила и прописи. Доколку се констатира состојба спротивна на Законот истата соодветно ќе се санкционира. Ваквите интензивни мерки и активности на полициските службеници самостојно и во координација со надлежни инспекциски служби ќе продолжат да се реализират и во претстојниот период.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ