strumica denes logo

СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ОДЗЕДЕ ДВЕ ВОЗИЛА – ВОЗАЧИТЕ НЕМАЛЕ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ!

Автор:

Датум:

февруари 5, 2026

Автор:

Датум:

февруари 5, 2026

На 04.02.2026 во 19:30 часот, при контрола во патниот сообраќај во село Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица, запреле патничко возило „тојота“ без регистарски ознаки, управувано од Д.А.(20) од Струмица. Притоа, било констатирано дека тој го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола. Исто така, констатирано е дека во возилото превезувал бесправно исечени огревни дрва, по што од страна на вработени во Шумска полиција Струмица возилото и дрвата се одземени.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

На 04.02.2026 во 22:00 часот, при контрола во патниот сообраќај во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица запреле патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.В.. Притоа, било констатирано дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола.

  • Banner