СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА КОНТРОЛИРАШЕ ВОЗИЛА ЗА ЈАВЕН ПРЕВОЗ, 25 ВОЗИЛА ИСПРАТЕНИ НА ВОНРЕДЕН ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД!

март 22, 2019

На 20.03.2019 во периодот од 08.00 до 13.00 часот на подрачјето на СВР Струмица е спроведена акциска контрола со цел откривање прекршоци кај возила кои вршат јавен превоз на патници (автобуси, комби и такси возила). Во акцијата се контролирани 55 возила, од кои 25 се испратени на вонреден технички преглед, по што кај 7 возила се констатирани прекршоци за кои се издадени 7 прекршочни патни налози.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ