strumica denes logo

СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ФАТИ ДВЕ МЛАДИ ЛИЦА НА ЛИЦЕ МЕСТО: На мобилен телефон имале поставено бела прашкаста материја спремна за употреба!

Автор:

Датум:

јануари 18, 2026

Автор:

Датум:

јануари 18, 2026

На 18.01.2025 во 03:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода И.Ѓ.(37) и А.Б.(24), двајцата од Струмица. На паркинг простор во близина на угостителски објект во Струмица полициски службеници забележале како лицата кои седеле во возило „пасат“ со струмички регистарски ознаки, на мобилен телефон имале поставено бела прашкаста материја спремна за употреба, но во момент кога полициските службеници презеле службени дејствија кон нив А.Б. го фрлил мобилниот телефон. При преглед на возилото во кое седеле лицата, исто така е пронајдена бела прашкаста материја. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот следува соодветен поднесок.

ФОТО: AI

  • Banner