strumica denes logo

СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ДО ГРАЃАНИТЕ: ОНИЕ КОИ ЌЕ ГИ ПРЕКРШАТДОНЕСЕНИТЕ ОДЛУКИ И ДАДЕНИТЕ ПРЕПОРАКИ, ЌЕ БИДАТ САНКЦИОНИРАНИ!

Автор:

Датум:

април 8, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

април 8, 2020

Категории:

Струмица
????????????????????????????????????

Секторот за внатрешни работи Струмица, упатува апел до сите граѓани на подрачјето, строго да ја почитуваат Одлуката на Владата за забрана на движењето, почнувајќи од 8-ми април 2020 година, од понеделник до петок во временскиот период од 16,00 до 05,00 часот наредниот ден, а за време на викендот се забранува движењето за сите граѓани почнувајќи од петок од 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник.

Апелираме да се почитува забраната за движење на лицата со возраст над 67 години, во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, во временскиот период од 12:00 до 10:00 часот наредниот ден .

Лицата до 18 години да ја почитуваат забраната за движење во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, во временскиот период од 15:00 часот до 13:00 часот наредниот ден.

Се забранува собирање во група на повеќе од две лица, во паркови и на други јавни места и површини.

Апелираме граѓаните да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат на јавни места и површини. (банки, маркети, и сл.)

Сите оние кои ги прекршуваат донесените Одлуки на Влада и дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик, доколку пак се утврди дека сторената активност има елементи на прекршок ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава против сторителот/те.

СВР-Струмица будно ќе ја следи состојбата на подрачјето.

Напоменуваме дека МВР-СВР-Струмица НЕ ИЗДАВА ДОЗВОЛИ за движење за време на забрана за движење на населението.

Известуваме дека во Сл.весник бр.90 од 04.04.2020 година е уреден начинот на издавање на дозволи од страна на Министерството за информатичко општество и администрација, при што апелираме граѓаните и правните субјекти да се информират околу издавање на дозволи на следните веб адреси: https://vlada.mk/, https://koronavirus.gov.mk, http://zdravstvo.gov.mk/, http://www.mioa.gov.mk/, http://www.mzsv.gov.mk/.

Надлежноста на МВР-СВР е во спроведувањето на мерките и препораките на Владата на РСМ.