Наке Гогов, директор на струмичката болница:
Денеска повторно добивме донација од истата организација од Австрија која донираше пред неколку месеци.
Добивме нови 31 кревети-електрични со нови душеци, добивме 8 детски бокс креветчиња за новородени, 4 електрични колички за инвалидизирани лица, помагала за движење, 20 колички за инвалиди, ортопедски гипсери, униформи за вработените, постелнина, крпи и многу други средства кои се потребни за функционирање на болницата.
Искажувам голема благодарност до господинот Зоран Мицев – Зиго шпед од Радовиш и до ѓоспоѓата Марта Раитер од Австрија.
Соработката ќе продолжи и понатаму.