СТРУМИЧКА ВЕЧЕР ВО ЧИКАГО, АМЕРИКА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ НА ГРАДОТ СВ.ПЕТНАЕСЕТ МАЧЕНИЦИ!

декември 2, 2023

Ве известуваме дека на 9 декември, сабота, во просториите на салата во црквата Св. Кирил Методиј во Чикаго, Америка, со почеток во 19:00 часот, по повод празникот на нашиот град Св. Петнаесет Маченици, ќе се одржи Струмичка вечер!

Прекрасниот вокал , нашата сограѓанка – екс вокалот на Легато Бенд – струмичанката Катерина Ристова, заедно со добро познатиот вокал Ристе Тевдоски и неговиот бенд ќе бидат оние кои оваа ноќ ќе ја направат незаборавна!

Лазо Илески – како host на настанот ќе ни го долови она струмичко чуство , па и само за една вечер, да се чуствуваме како да сме во Струмица !

Ако си од Струмица и си на возраст од “1 до 100” години, присуството ти е задолжително!

Да бидеме сите ние дел од Струмичката вечер, од еден настан, кој ќе прерасне во традиција секоја година.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: