Младата и талентирана каратистка од Струмица, Виолета Блажевска, постигна значаен успех на меѓународниот карате турнир „Grand Prix Macedonia“, кој по четврти пат се одржува и од година во година станува сè поголем и позначаен спортски настан.
Блажевска се закити со сребрен медал, освојувајќи го второто место, со што уште еднаш го потврди својот квалитет и посветеност во карате спортот. Во финалната борба таа беше поразена од натпреварувачка од Црна Гора, но и покрај тоа оствари одличен резултат и се најде на самиот врв на силната меѓународна конкуренција.
На турнирот „Grand Prix Macedonia“ учествуваа повеќе од 300 натпреварувачи од 13 држави, што дополнително ја нагласува вредноста на освоениот медал на младата струмичанка.
Виолета Блажевска е членка на карате клубот „Шихан“ од Струмица, а зад ваквите резултати стои и посветената работа на Златко Пасков, Атанас Василев и Петар Стефков, кои со својата стручност и поддршка континуирано ги подготвуваат младите каратисти од клубот за големи успеси на домашната и меѓународната сцена.



























