strumica denes logo

СТРУМИЧАНКАТА ВИКТОРИЈА ТРАЈАНОВСКА СО ОДЛИЧЕН ПЛАСМАН НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ХИП-ХОП И ПОПИНГ ВО СЛОВЕНИЈА!

Автор:

Датум:

октомври 27, 2025

Автор:

Датум:

октомври 27, 2025

Во Словенија во тек е Светското првенство во хип-хоп и попинг, на кое оваа година учествуваат над 4.600 натпреварувачи од целиот свет. Македонија е претставена со силен тим од 197 танчери, кои се натпреваруваат во повеќе категории и возрасни групи.

Посебно внимание привлече настапот на струмичанката Викторија Трајановска, која во конкуренција од 66 учесници успеа да го освои високото 17-то место во категоријата Popping Solo – Adults. Овој резултат претставува значаен успех за македонскиот урбан танц, но и уште една потврда за квалитетот на струмичката танцова сцена.

Натпреварите продолжуваат и во следните денови, а нашите претставници со гордост ги бранат боите на Македонија на светската танцова мапа. 🇲🇰