strumica denes logo

СТРУМИЧАНКАТА СОФИЈА СТОЈАНОВА ПРОГЛАСЕНА ЗА ПОБЕДНИК НА „ПРЛИЧЕВИ БЕСЕДИ“ 2026!

Автор:

Датум:

јануари 26, 2026

Автор:

Датум:

јануари 26, 2026

Ученицата Софија Стојанова од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица е автор на најдобрата беседа во чест на Григор Прличев за 2026 година, соопштија од училиштето.

Како што информираат, НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид традиционално распишала конкурс на тема „По песната птиците се разликуваат“, посветен на македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев. На конкурсот учествувала и Стојанова, ученичка од II година, под менторство на професорката по македонски јазик и литература Боркица Филева. Нејзиното дело, доставено под шифра „Тивериопол“, било прогласено за добитник на годишната награда за најдобра беседа за 2026 година.

Наградата на Стојанова ќе ѝ биде врачена во рамките на културната манифестација „Прличеви беседи“, која традиционално се одржува во Охрид во организација на локални и национални установи, заедно со Друштвото на писателите на Македонија.

За охридскиот веб-сајт на библиотеката, Стојанова изјавила дека признанието за неа претставува голема чест и лична радост, но и мотив да продолжи уште посветено да се надградува и да го следи патот на знаењето.

Од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица додаваат дека Софија Стојанова и досега се истакнувала со успеси на полето на литературата. Освен првите награди на повеќе литературни конкурси во Општина Струмица, таа и минатата и оваа година ја освоила првата награда на конкурсот на НУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Штип, посветен на македонскиот поет Ацо Шопов.

Од училиштето упатија честитки до ученичката и нејзиниот ментор, посочувајќи дека се горди на постигнатиот успех и на афирмацијата на младите таленти од Струмица.

  • Banner