strumica denes logo

СТРУМИЧАНКАТА ПАВЛИНКА ВАСИЛЕВА НА СРЕДБА СО СОРАБОТНИЦИ НА ЕЛОН МАСК: ВО АМЕРИКА ГРАДИ BIOENERGY ПРОЕКТ КОЈ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ГЛОБАЛНИТЕ КАПИТАЛНИ ПАЗАРИ!

Автор:

Датум:

јануари 21, 2026

Автор:

Датум:

јануари 21, 2026

Струмичанката Павлинка Василева денес се вбројува меѓу ретките македонски имиња кои активно учествуваат во градењето на новата енергетска и бизнис иднина на Соединетите Американски Држави. Според информации за на Павлинка Василева дадени за Струмица Денес, таа е дел од развојот на BioEnergy проекти вредни стотици милиони долари, кои преку алги имаат за цел да произведуваат одржливо авијациско гориво (SAF), обновлив дизел, Омега 3 и чисто алгино масло.

Во рамки на активностите и меѓународните контакти, најавено е дека во текот на овој месец Василева ќе оствари средби со високи политички структури во САД, меѓу кои и Бајрон Доналдс – конгресмен од Флорида кој ја најави кандидатурата за гувернерските избори во 2026 година, со јавна поддршка од Доналд Трамп. Истовремено, најавени се и средби со конгресменката Ана Полина Луна (Флорида, 13-та конгресна област).

Според доставените информации, оваа недела Василева одржала состаноци со Филип Боисат, француски експерт и извршен директор на 3i3Signature LLC – компанија која на своите официјални канали се претставува како консултантска платформа во NewSpace секторот и наведува контакти/соработки во аеронаутички и технолошки проекти, вклучително и со имиња од глобалната технолошка сцена.

Дополнително, Василева разговарала и со Карлос Доминго, извршен директор на Securitize – компанија позната во финтек и токенизација-секторот, за која релевантни меѓународни медиуми наведуваат дека BlackRock е меѓу клучните клиенти/поддржувачи.

Како прв поголем проект на Василева и тимот се посочува BioEnergy фарма во регионот Монте Плата, Доминиканска Република, со вредност од 165 милиони долари и планови за проширување во Флорида и Тексас. Во моментов, според најавите, се работи на обезбедување средства за првата американска локација во Флорида, проект што би отворил над 200 високо платени работни места и би донел очекуван приход од 26 милиони долари годишно, со потенцијален придонес кон енергетската независност на САД.

Во бизнис круговите, за Василева се користи и прекарот „The Middle Woman“ – личност која поврзува луѓе, капитал и идеи. Преку меѓународни мрежи и контакти, таа, според информациите, посредува и учествува во компании и зделки од различни индустрии – од марински и пристанишни бизниси, до недвижности, аквизиции и стратешки инвестиции.

Проектите, како што се наведува, се отворени за инвеститори од целиот свет, што ги позиционира во поширокиот глобален тренд на комбинирање на одржлива енергија, технологија и капитални пазари.

Приказната на Павлинка Василева е пример како локалното потекло и глобалната визија можат да создадат реално економско влијание. Во период кога светот бара нови извори на енергија, стабилност и поврзување, таа според претставените активности, не само што ги следи трендовите, туку активно учествува во нивното креирање.

  • Banner