СТРУМИЧАНКАТА ХРИСТИНА КИРОВА ИМА САМО 20 ГОДИНИ А ВЕЌЕ САМА ИЗРАБОТУВА РАЧЕН НАКИТ СО ВИСОК КВАЛИТЕТ!

ноември 28, 2019

Млада, креативна и полна со амбиции! Струмичанката Христина Кирова има само 20 години а веќе сама изработува рачен накит со висок квалитет.

Неодамна желбата на Кирова конечно се оствари бидејќи нејзините производи се веќе во продажба.

Нејзиниот накит е изработен од мексиманско сребро Лагура, повеќе видови на жици, камења како и кожа.

Нејзиниот накит неодамна можевме да го видиме на есенската фотосесија на пејачката Александра Јанева.

Христина вели дека засега е многу задоволна а најави и многу изненадувања наскоро. Да напоменеме дека исто така и родителите на Христина веќе 15 години се занимаваат со истиот занает.

Доколку сакате да ја погледнете нејзината изработка и да нарачате, тоа може да го сторите со кликнувањето ОВДЕ.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: