strumica denes logo

Струмичанката Фросе Тумановска искрено за борбата со канцерот: Ракот ми покажа колку сум силна, но и колку е важно да си го живееме животот со љубов!

Автор:

Датум:

октомври 14, 2024

Автор:

Датум:

октомври 14, 2024

Објава на Женски Магазин: 

„Кога ми ја соопштија дијагнозата, бев сама во ординацијата. ИМАШ РАК! Се сеќавам беше петок и веднаш почувствував навала на најразлични емоции – како да му соопштам на сопругот, на моите дома, особено на татко ми и на брат ми, бидејќи неполна година пред тоа ја изгубив мајка ми од истата болест“, вака ја започнува својата приказана за Женски магазин Фросе Тумановска од Струмица, која пред 5 години дознала дека има канцер. Вели дека не почувствувала никакви симптоми кои би ѝ укажале дека нешто не е во ред, сосема случајно при самопреглед т.е при само-палпација напипала топче. „Не чувствував болка, ниту забележав некаква разлика во телото. Топчето ме натера веднаш да побарам стручен преглед за да се осигурам дека сè е во ред.

Тој момент ме научи колку е важно да се обрнува внимание на сопственото тело, дури и кога мислиме дека сè е нормално. Раната дијагностика навистина може да спаси живот, особено во мојот случај, бидејќи мојот карцином беше инвазивен и се ширеше брзо. Ова искуство ми покажа колку е важно да бидеме внимателни и свесни за нашето здравје. Парадоксално е тоа што во тој момент се чувствував физички најздрава“.

„Кога ми соопштија дека имам рак сфатив колку е важно да останам психички силна. Бидејќи работев како Менаџер за човечки ресурси, интересно е тоа што следниот ден веќе имав организирано тим-билдинг за компанија во Банско. Иако внатрешно се соочував со предизвикот, никој околу мене не забележа дека нешто не е во ред. Не сакав дијагнозата да го промени мојот фокус или да влијае на работата и на луѓето околу мене. Избрав да не му давам премногу значење, бидејќи знаев дека силата која ја носиме во мене, и силата која Бог ни ја дава е тоа што ни помага да продолжиме“.

Целосната објава може да ја погледнете со кликнување на следниот линк: https://zenskimagazin.mk/rakot-mi-pokaza-kolku-sum-silna-no-i-kolku-e-vazno-da-si-go-ziveeme-zivotot-avtentichno-i-so-ljubov-strumichankata-frose-tumanovska-iskreno-za-borbata-so-kancerot