СТРУМИЧАНКАТА БОЈАНА ВИТАНОВА ГО ОСВОИ ПРВОТО МЕСТВО НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА!

мај 22, 2019

На Државниот натпревар по македонски јазик и литература, што се одржа на 11 мај во Велес, ученичката на СОУ „Јане Сандански“ Бојана Витанова од III-3 со 99 поени го освои првото место, под менторство на професорката Боркица Филева.

На Државниот натпревар по биологија кој се одржа исто така на 11 мај во просториите на ПМФ во Скопје, ученикот на истото училиште, Јани Георгиев од IV-3 ја освои втората награда, Рада Чоп од I-1 третата награда, а Лазе Костадинов од II-4 доби пофалница. Учениците работеа под менторство на професорката Василка Хаџи Котарова.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ