На 29.03.2025 во 18.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Братство единство“ и ул.Браќа Миладинови“ во Струмица, патничко возило „пежо 407“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 39 – годишната М.С. од с.Радово, струмичко, удрило во пешакот М.Ф.(39) од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ф., констатирани во болницата во Струмица. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Струмица.