Поради тековните градежно-реконструктивни активности во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Струмица, годинава чествувањата во спомен на Свети Василиј Велики ќе бидат служени во манастирот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици во Струмица.
Богослужбите ќе се одвиваат според следниот распоред:
– Празнична вечерна служба на 13 јануари, со почеток во 16:00 часот
– Света Божествена Литургија на 14 јануари, со почеток во 08:30 часот
Верниот народ ќе има можност да се поклони и да ги целива Светите мошти на Свети Василиј Велики кои ќе бидат изложени во храмот и на 13 јануари и на 14 јануари.

























