strumica denes logo

СТРУМИЧАНИ СО СВОЈОТ ПОТПИС ЌЕ ИМААТ МОЖНОСТ ДА ЈА ПОДДРЖАТ КАНДИДАТУРАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ОД ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ!

Движењето ЗНАМ ги повикуваат граѓаните од струмичкиот регион со својот потпис да ја поддржат кандидатурата на Максим Димитриевски

Од Општинската организација на Движењето ЗНАМ За наша Македонија во Струмица ги повикуваат граѓаните со право на глас од струмичкиот регион, односно општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село дека од денеска започна собирање на потписи за поддршка на кандидатот за претседател на Македонија, Максим Димитриевски од Движењето ЗНАМ За наша Македонија.

Секој граѓанин кој со својот потпис сака да ја даде поддршката за Максим Димитриевски да биде кандидат за претседател на државата, тоа може да го направи во Канцеларијата на ДИК (Државна Изборна комисија), што се наоѓа во зградата на Општина Струмица, секој ден од 08:00 до 20:00 часот, се до 8 март.

Автор:

Датум:

февруари 23, 2024