Загадениот воздух и оваа година не ги спречи православните верници да ја продолжат традицијата на палење коледарски оган. Со песни и греана ракија граѓаните прославуваат низ струмичко иако нивото на загаденост и денес е високо.
„Дрвјата воопшто не загадуваат, причините се други. Самите луѓе низ целата година ја загадуваат природата и воздухот. Да си ја негуваме традицијата и во иднина.“ – пишуваат граѓаните на социјалните мрежи.