СТРУМИЧАНЕЦОТ СОКРАТ ЕФТИМОВСКИ Е ИЗБРАН ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПОЛИТИЧКАТА ПАРТИЈА НОВА АЛТЕРНАТИВА!

декември 24, 2023

Политичката партија Нова Алтернатива по одржаната Конвенција има нов претседател. За нов претседател е избран М-р Сократ Ефтимовски од Струмица. Ефтимовски повеќе од 43 години беше повеќе од 43 години професор и директор на СОУ „Димитар Влахов“, а во моментот е спортски директор на Боречката Федерација на Република Македонија и успешно ја извршува функцијата се’ до денес.

Четири пати бил државен првак на Југославија за јуниори во борење – слободен стил и шест пати државен првак на Југославија за сениори во истата конкуренција. Во Истанбул, Турција во 1969 година го освоил бронзениот медал на Балканското првенство за јуниори. На медитеранските игри во Сплит, Хрватска во 1979 година го освоил четвртото место во сениорска конкуренција. Од 1969 до 1979 година бил активен репрезентативец на Југославија во борење – слободен стил.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ