strumica denes logo

СТРУМИЧАНЕЦОТ МИТКО БОЈАЏИСКИ СО ФЕЈСБУК СТАТУС: ТАКА ИЗГЛЕДА КРАЈОТ – СТИГНА НАРОДНАТА КАЗНА, ТОА НЕ Е МАЛА РАБОТА!

Автор:

Датум:

мај 10, 2024

Автор:

Датум:

мај 10, 2024

Фејсбук статус на Митко Бојаџиски:

ТАКА ИЗГЛЕДА КРАЈОТ

Кога ќе ја треснете државата од земја безмилосно и крвнички на секој можен начин, судство, здравство, образование, култура, секаде, отсуство на критериуми, морал и етика, криминал, корупција… Кога ќе почнат луѓето да се прашуваат дали постои дно или сме дупка без дно, кога на ароганцијата не може да и се види ниту главата, ниту опашката поради огромните размери, кога стравот ќе достигне такви височини за да ви остане само избор да си одите од сопствената држава или да замолкнете и да молчите и на најлошите работи, кога сопствениот народ како поединци го претворите во бесчуствително прекиснато тесто, во темпирана бомба која секој момент може да имплодира, кога ќе го натапкате со фрустрации, проживеани неправди, гнев, револт, злоба, ќе го претворите во пресметливи, себични, ситни интереси… Кога ќе начичкате фамилии на седукратни веде рекордери кои си ја присвоија државата најбескруполозно, алчно и себично и кои ги сметам за синоним на ова стравично зло, кога ќе ги донесете работите до степен и сопственото членство да крене раце, кога и чистите партиски членови кои си ја сакаат Македонија не гласаат за сопствената партија и покрај целата моќна машинерија што им беше на располагање… ќе се случи крах. Не смее да се заборави најстрашното нешто од сите овде наведени и ненаведени страшни работи. Тие луѓе ја убија надежта во нас. Кога ќе ја убиете надежта во човекот, во неговата душа ќе оставите само пустош. Ете, тоа ни го направија!

Патем, тие дотични фамилии добро се набалираа, многу добро, тие немаат проблем, проблем имаме ние, има проблем државата која нагалено си ја викаме Македонија и така ќе продолжиме да ја викаме, иако, за жал, името на нашата држава е друго.

Но, ете, дојдоа избори, дојде ред да прекинеме да молчиме и да го кажеме нашето мислење. Стигна народната казна. Да се разбереме, тоа не е мала работа, тоа е нешто големо, иако многумина од нас би сакале таа казна да ја видиме во колку што може поизразен габарит и на повеќе начини.

Тоа нека биде поука за идната власт. Нека направи се за ја воскресне надежта, нека направи се за да почнат да се подигаат работите затоа што Македонија е во страшно загрижувачка ситуација. Македонија има луѓе со ментален и стручен капацитет, луѓе кои се способни да ја ревитализираат, тоа никогаш не било прашање! Се што е потребно е да се смени досегашната деструктивна матрица и да се засукаат ракавите.