Од 1 Март 2024 година во Струмица ќе започне со работа креативната работилница, односно училиштето по цртање и сликање за деца и возрасни. Основач на креативната работилница е уметникот Георги Кончалиев. Во програмата на училиштето се вклучени најпрофесионалните методи за изучување и рекреативно спознавање на ликовната уметност.
Училиштето ќе извршува групни и поединечни часови во зависност од потребата на поединците доколку тие сакаат. Опремено е со професионални штафелаи и столчиња за цртање и сликање.
„Кончалиев Арт Студио“ ги поканува заинтересираните да дојдат и да ги создадат своите ликовни дела во прекрасна уметничка атмосфера!