СТРУМИЧАНЕЦОТ ДОАН МУСТАФОВ: Кога станува збор за Ром, дискриминација владее во нашето општество!

октомври 13, 2023

👥 Интервју на „Аваја“ со Мурат Јусинов и Доан Мустафов од Струмица:

„Имав прилика да присуствувам на настан со претставник од Европската Унија и од страна на универзитетски професор, настан којшто стриктно се однесуваше за Ромите. Заклучокот од тој настан беше дека ние Ромите можеме да бидеме само свирачи на тапани и ништо друго, вели Доан Мустафов од Струмица.

Не можеме да кроиме политика, не можеме да бидеме во влада, не можеме да бидеме носители на јавни функции. Користејќи ја оваа прилика до сите вас коишто имате такви заклучоци, ние сме овде, ние ќе ја кроиме таа политика и ќе докажеме дека од нас не бидува само свирачи, туку нас нѐ бидува и во сите функции, нас нѐ бидува во креирање на политики, нас нѐ бидува активно да издејствуваме во целовкупното опшествено живеење и да кажеме дека ние сме тука.“

❓ Кои се нивните мотиви за учество на работилницата на АВАЈА?
❓ Какви се нивните очекувања?

Проследете ги нивните одговори со кликнување на следниот линк: https://www.facebook.com/avaja.org/videos/335940385496848

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ