strumica denes logo

Струмичанецот Џамбо Агушев добил 50.000 евра бакшиш на милионерска свадба во Германија!

Автор:

Датум:

август 8, 2025

Автор:

Датум:

август 8, 2025

Џамбо се пофали на Фејсбук со забавата која ја приредил на една свадба во Германија. Македонскиот трубач со интернационална кариера, Џамбо Агушев во моментов е еден од најдобрите свирачи на труба во земјава и пошироко.

Уште од многу млад неговите родители увиделе дека има огромен талент за овој инструмент и знаеле дека ќе стане исклучително успешен. Тоа и се случило, Џамбо денес има светска кариера каква посакува секој македонски музичар.

Џамбо е активен на социјалните мрежи, каде често споделува новости поврзани со неговата работа. Овој пат се пофали со незаборавната забава која ја приредиле на една свадба во Германија.

Како што самиот напиша, од таткото на младоженецот добил 50.000 евра бакшиш.