СТРУМИЧАНЕЦ ВРШЕЛ ЈАВЕН ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ БЕЗ ДОЗВОЛА – ПОЛИЦИЈАТА МУ ПОДНЕСЕ СООДВЕТНА ПРИЈАВА!

октомври 18, 2023

На 17.10.2023 во 14.20 часот на регионален пат Гевгелија – Богданци, полициски службеници од Полициската станица Струмица извршиле контрола на патничко возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Г.(33) од Струмица. При контролата било констатирано дека возачот во возилото врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна документација. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ