strumica denes logo

Струмичанец фатен дома со марихуана, се однесувал агресивно кон полицајците!

Автор:

Датум:

јули 13, 2023

Категории:

Хроника, Струмица

Автор:

Датум:

јули 13, 2023

Категории:

Хроника, Струмица

На 12.07.2023 во 14.20 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода А.А.(44) од Струмица.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. При претресот, А.А. со лицата Ѓ.А. и М.А. агресивно се однесувале кон полициски службеници при вршење службени дејствија.

А.А. бил задржан во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.