Струмичанецот Васил Гогов ќе биде нов капитен на РК Вардар во претстојната сезона. Голманот, кој со години е верен на клубот и растеше со „црвено-црните“, добива нова и одговорна улога – да биде лидер на тимот на теренот и надвор од него.
Гогов во изминатиот период со својата посветеност, борбеност и љубов кон клубот покажа дека е важен дел од приказната на Вардар. Капитенската лента за него претставува голема чест, но и обврска да биде пример за сите играчи во соблекувалната.
Негов заменик-капитен во новата сезона ќе биде Јака Малус, еден од најискусните ракометари и значаен дел од играта на скопскиот клуб.
Пред Вардар се нова сезона и нови предизвици, а струмичанецот Васил Гогов ќе го предводи тимот како капитен. Со среќа!





















