Струмичанецот Пепи Велков оствари одличен настап на стартот од 31. Светски кикбокс куп во Будимпешта и обезбеди пласман во полуфиналето на престижниот меѓународен турнир.
Велков демонстрираше одлична форма, сигурност и борбеност во рингот, совладувајќи го полскиот натпреварувач Адријан Шпетани. Со оваа значајна победа, струмичкиот кикбоксер се најде на само еден чекор од борбата за златниот медал.
Во полуфиналната пресметка Велков ќе ги одмери силите со Украинецот Павло Хавришчук, а победата ќе му донесе место во големото финале. Напред Пепи!





















