Денес се одржаа избори за ново раководство на Македонската асоцијација за модерни танци, на кои беше избран нов Управен одбор и претседател на асоцијацијата.
За претседател е избран Панче Димов, за потпретседател Катерина Јолакоска, за генерален секретар Трајче Петковски, за судиски директор Емилија Достинова, и за спортски директор Илија Карадакоски.
На новоизбраното раководство му посакуваме успешен мандат и ефективна работа во интерес на членовите и понатамошниот развој на асоцијацијата.




























