Струмичанецот Крсте Трајковски, член на Team Zoran, во соработка со Fight Club 67 – Sindelfingen (Германија), се подготвува за голема К1 борба што ќе се одржи на 13 декември 2025 година во прочуената EWS Arena Göppingen.
Овој спортски настан ќе собере бројни борци од Европа, а Трајковски ќе ја претставува Македонија и Струмица со препознатливата борбеност и дисциплина која го издвојува во рингот.
Со полна енергија, решителност и македонски борбен дух, Крсте Трајковски ќе настапи во К1 дисциплина, подготвен да донесе нова победа и гордост за својот град и земја.























